Фон дер Лајен го напушти самитот на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19
- Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19 и заминува во самоизолација.

Брисел, 15 октомври 2020 (МИА) - Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го напушти самитот на лидерите на ЕУ поради сомнеж на Ковид-19 и заминува во самоизолација.
Фон дер Лајен веднаш по почетокот на состанокот во Брисел добила информација дека еден член на нејзиниот кабинет бил позитивен на тестот на коронавирус.
- Мојот тест е негативен, но од предострожност веднаш го напуштам Европскиот совет и заминувам во самоизолација, напиша Фон дер Лајен на својот твитер-налог.
Таа на почетокот на месецов веќе беше во самоизолација поради присуство на состанок во Лисабон, на кој се наоѓало лице позитивно на Ковид-19. гт/