• сабота, 14 декември 2024

ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање судии и воведување ВАР

ФК Вардар бара итна смена на комесарот за делегирање судии и воведување ВАР

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) – Фудбалскиот клуб Вардар иницира итна смена на Миле Ристевски, комесарот за делегирање судии при Фудбалската федерација на Македонија.

- Ние како клуб вината за неуспесите и поразите ја гледаме во сопствените редови, но по консултација со стручни лица, констатиравме дека во изминатите 13 кола Вардар е најоштетн во однос на судиските грешки. Оставаме органите и телата на ФФМ да си ја работат работата и да ја покажат својата стручност околу грешките и спорните моменти. 
Поради ова бараме и од останатите клубови поддршка за ИТНА смена на Ристевски и воведување ВАР за следната сезона, стои во соопштението на ФК Вардар.

Од таборот на „црвено-црните“ очекуваат со евентуална промена на комесарот да се зголеми транспарентноста и одговорноста , како и модернизирање и зајакнување на судскиот систем во македонскиот фудбал. зс/

Фото: ФК Вардар

Остани поврзан