• четврток, 13 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

Цирих, 18 август 2025 (МИА) - ФИФА размислува за промена на форматот на Светското клупско првенство, објавува „Гардијан“.

Според британскиот медиум, Светската фудбалска асоцијација планира да го одржува турнирот на секои две години од 2029 година и да го прошири бројот на учесници од 32 на 48 екипи. 

Предвидено е повеќе од два клуба од една земја да можат да учествуваат на Светското клупско првенство.

Исто така, за да не се преоптовари меѓународниот календар, планирано е да се откажат пријателските натпревари на националните тимови и јулските турнири на националните тимови.

Во финалето на Светското клупско првенство 2025 година, Челзи го победи ПСЖ со 3:0. Турнирот се одржа во Соединетите Американски Држави. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан