Финишираат натпреварите од Меморијалниот турнир во мал фудбал во Делчево
- Во Делчево финишираат натпреварите во мал фудбал во рамки на Меморијалниот турнир во чест на Филип Стоичов. Поради променливите временски услови турнирот се игра во спортската сала „Методи Ми

Делчево, 13 август 2022 (МИА) - Во Делчево финишираат натпреварите во мал фудбал во рамки на Меморијалниот турнир во чест на Филип Стоичов. Поради променливите временски услови турнирот се игра во спортската сала „Методи Митевски - Брицо".
-Денеска е последното коло, по кое ќе се знае кои осум екипи продолжуваат во четвртфиналните борби кои се закажани за недела, по што следува полуфиналето и финалниот натпревар, информираат организаторите.
За најдобрите три екипи ќе следуваат парични награди од 500, 300 и 200 швајцарски франци.
-Досега имаме солиден одзив од публиката која и покрај тоа што е променета локацијата поради лошите временски услови. Задоволителна бројка е присутна и ги бодри своите фаворити, истакнуваат организаторите на турнирот.
Во рамки на турнирот е поставен штанд за донации кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели. вс/мч/