• понеделник, 23 декември 2024

Филмот „Nomadland“ со четири БАФТА награди

Филмот „Nomadland“ со четири БАФТА награди
Лондон, 12 април 2021 (МИА) - Американската драма „Земја на бескуќници“ (Nomadland), која следи група луѓе кои решиле да живеат во комбе, е големиот победник на БАФТА наградите што беа доделени вчера. Филмот ги освои наградите за најдобар филм, најдобра режија - Кинезинката Клои Жао и - за главна женска улога - Франсис Мекдорманд. Свеченоста на Британската академија за филмски и телевизиски уметности (БАФТА) се одржа виртуелно во две вечери, а кандидатите, поради корона-пандемијата, учествуваа на доделувањата преку видеоврски. Освен, секако, филмските sвезди Хју Грант и Пријанка Чопра Џонас кои се појавија лично во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ и, Рене Зелвегер и Ана Кендрик кои се приклучија од студиото во Лос Анџелес. Филмот „Ветувачка млада жена“ (Promising Young Woman), што ја нагласува важноста на движењето против насилството и сексуалното вознемирување - „#metoo“, е прогласен за извонредно британско дело, а ја доби и наградата за најдобро оригинално сценарио. Академијата му оддаде почит и на принцот Филип, сопруг на кралицата Елизабета, кој почина во петокот на 99-годишна возраст. Филип беше назначен за прв претседател на БАФТА во 1959 година. Неговиот внук, принцот Вилијам, е сегашен претседател. Филмскиот ветеран Ентони Хопкинс ја освои наградата за главна машка улога - на дементен човек во филмот „Таткото“.  си/сд/

Остани поврзан