• сабота, 31 јануари 2026

Филипче со поддршка на хрватската СДП за следните избори

Филипче со поддршка на хрватската СДП за следните избори

Скопје, 31 јануари 2026

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, присуствуваше и се обрати на Конгресот на Социјалдемократската партија на Хрватска (СДП), кој се одржа во Загреб, посветен на подготовката на новата партиска програма на СДП и стратегија во пресрет на следните парламентарни избори, се наведува во соопштението од СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

„Ми претставува голема чест и задоволство, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во свое лично име, да ве поздравам и да се обратам на тематската конференција на вашата Социјалдемократска партија, посветена на подготовката на новата партиска програма и стратегија во пресрет на следните парламентарни избори и да ви посакам успех“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека денешната конференција е јасен показател за одговорниот и сериозен пристап на СДП во креирањето јавни политики, со што партијата демонстрира целосна подготвеност да управува со државата штом ја добие довербата на хрватските граѓани.

„СДП е единствената кредибилна левичарска партија во Хрватска која нуди политики за сите сегменти значајни за функционирањето и развојот на хрватското општество. Тие политики имаат јасна вредносна основа, а нивната цел е социјален и економски развој за сите граѓани, а не само за економско-финансиските и политичките олигархии“, порача претседателот на СДСМ Венко Филипче.

Филипче посебно го истакна храбриот пристап на СДП во креирањето нова национална економска политика, со фокус на новата индустриска политика и значајните промени во даночната политика.

„Особено сум импресиониран од храбриот пристап во развојот на нова национална економска политика со акцент на новата индустриска политика, а проследена со значајни промени во даночната политика. Таквиот пристап е нашиот социјалдемократски одговор за одржлив и праведен социо-економски развој наспроти политиката на неконтролирано задолжување за одржување на привидниот социјален мир и одржувањето на клиентелистичките мрежи. Таквите политики проследени со националистичките испади и желбата за целосна контрола на политичкиот систем што создава само привид на демократија е карактеристика на нашите десничарско и популистички противници не само во регионот туку и насекаде во Европа“, истакна Филипче.

Филипче исто така нагласи дека СДП развива оригинална и автентична социјалдемократска алтернатива, која, како што рече, ќе биде препознаена и поддржана од граѓаните на Хрватска.

„За нас во СДСМ, победата на СДП на следните избори нема да биде само поттик, туку и пример кој ќе го следиме во нашата политичка борба за враќање на Северна Македонија на патот на демократијата, социјалната правда и одржливиот социјален и економски развој“, порача Филипче од Загреб.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во своето обраќање на Конгресот предупреди на сериозните закани со кои денес се соочуваат демократијата, трудот и синдикалното организирање во Европа и регионот, а како резултат на подемот на авторитаризмот и влијанието на економската и финансиската олигархија.

„Живееме во време на големи геополитички превирања и експлозија на радикалната десница и неофашизмот. Либералниот консензус што беше доминантен во изминатите повеќе од три децении, се повлече пред агресивните политики на популистичката десница, алчноста на економската и финансиската олигархија, омразата кон суштинската демократија и нападот врз човековите права и слободи“, рече Филипче.

Во обраќањето тој нагласи дека ваквите појави се присутни и во Северна Македонија, каде што работниците и граѓанскиот сектор се под силен притисок.

„И во мојата држава се соочуваме со се поинтензивни авторитарни тенденции, растечко влијание на економската и финансиската олигархија, економски политики што се на директно на штета на работниците, притисоци врз синдикатите, дискредитирање на граѓанските организации и критичките прогресивни интелектуалци“, рече Филипче.

На Конгресот, Филипче посочи дека СДП како политичка сила нуди  одговорни и одржливи јавни политики,чија цел е социјалниот и економскиот развој, а не политичките олигархии.

„СДП е единствената кредибилна левичарска партија во Хрватска која има политики за сите сегменти битни за функционирањето и развојот на хрватското општество. Тие политики имаат јасна вредносна основа, а нивната цел е социјален и економски развој за сите граѓани, а не само за економско-финансиските и политичките олигархии“, рече Филипче.

Фото: СДСМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан