Филипче положи цвеќе на вечните почивалишта на претседателите Глигоров и Трајковски и премиерот Кљусев
- По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, и генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, положија цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот премиер на државата, Никола Кљусев, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го објавува во целост.
8 септември 2025
По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, заедно со заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, и генералниот секретар на партијата, Александар Димитријевиќ, положија цвеќе и оддадоа почит на вечните почивалишта на првиот претседател на независна Македонија, Киро Глигоров, поранешниот претседател Борис Трајковски и првиот премиер на државата, Никола Кљусев, се наведува во денешното соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ, што МИА го објавува во целост.
Со овој чин, СДСМ ја изразува својата благодарност и почит кон државниците кои со својата посветеност и визија оставија траен белег во создавањето на независна, суверена и демократска Македонија. Нивната мисија не беше лесна, но благодарение на нивната мудрост и државнички пристап, успеаја да го трасираат патот кон стабилна, современа и просперитетна држава.
Претседателот Филипче посочи дека Глигоров, Трајковски и Кљусев го трасираа патот по кој и денес чекориме, пат кој не смееме да го напуштиме, во 1991 се изборивме за независност, денес мора да се избориме за подобра иднина. Тоа не е ниту лесна, ниту брза борба, но е борба вредна за сите граѓани на Македонија, рече Филипче.
Одбележувањето на Денот на независноста не е само потсетување на минатото, туку и обврска за иднината – заедничка, праведна и европска Македонија.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ