Филипче: Внесувањето на малцинствата во Уставот не го загрозува македонскиот идентитет, признавањето на македонскиот јазик е потврдено
- Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата 360 степени на МРТВ, рече дека внесувањето на малцинствата во Уставот не го загрозува македонскиот идентитет и дека, тоа е уште дена лага на ВМРО, како што лажеа и за Преспанскиот договор, се вели во соопштениет оод СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 18 мај 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостување во емисијата 360 степени на МРТВ, рече дека внесувањето на малцинствата во Уставот не го загрозува македонскиот идентитет и дека, тоа е уште дена лага на ВМРО, како што лажеа и за Преспанскиот договор, се вели во соопштениет оод СДСМ што МИА го пренесува интегрално.
„Луѓето поверуваа дека ставањето на Бугарите и на другите малцинства во Уставот ќе го загрози нашиот народ. Не само што нема да го загрози, туку ќе го зајакне нашиот идентитет. Конечно се прави јасна дистинкција помеѓу македонскиот народ и бугарското малцинство. Тоа што е францускиот предлог и целокупниот пакет документи ја потврдуваат нашата идентитетска посебност. Кога ќе ги додадете и Бугарите во Уставот, правејќи јасна дистинкција меѓу македонскиот народ и бугарското малцинство, а притоа веќе е потврден македонскиот јазик, тогаш дефинитивно се потврдува нашиот идентитет“, посочи Филипче.
Претседателот Филипче додаде дека македонскиот јазик е веќе меѓународно потврден и дека државата не преговара за својот идентитет, туку за членство во Европската Унија.
„Ние не преговараме да влеземе во Бугарија, туку во Европската Унија. Со договорот Фронтекс, потпишан и од Бугарија, македонскиот јазик е признаен како чист македонски јазик, од сите“, рече Филипче.
Нагласи дека признавањето на македонскиот јазик од страна на сите земји членки на Европската Унија, вклучително и од Бугарија, е потврдено со тоа што потпишаа договор на македонски јазик и тоа е значаен дипломатски успех на СДСМ.
„Ние не преговараме да влеземе во Бугарија, ние преговараме да влеземе во Европска Унија. Било која земја може да каже било што,но тој проблем веќе е надминат. Еве на кој начин, на начин на кој сите земји членки на ЕУ, вклучувајќи и Бугарија, на страна нивната еднострана изјава, потпишале договор на македонски јазик. Значи, сите земји ќе имаат договор на македонски јазик, а тоа значи дека сме нашле решение“, рече Филипче.
Во однос на тврдењата на ВМРО дека македонскиот идентитет и јазик би биле загрозени во текот на преговорите со ЕУ, Филипче нагласи дека преговарачката рамка јасно го признава македонскиот јазик.
„Во 2022 година, кога бугарскиот парламент гласа за нашата преговарачка рамка, исто како што гласаат и ја поддржуваат сите други земји членки на Европската Унија, таму конечно пишува дека нашиот јазик е признаен како македонски јазик. Чист македонски јазик. Не како што беше претходно, македонски јазик како што е во Уставот, тој додаток се трга. Чист македонски јазик. И сите земји членки така ја гласаат преговарачката рамка“, рече Филипче.
Во тој контекст, Филипче нагласи дека внесувањето на малцинствата во Уставот не претставува ризик за македонскиот идентитет каков што сака Мицкоски и неговата влада да го претстават, туку отвора можности за економски и институционален развој на државата.
„Ставањето на малцинствата во Уставот е влегување во процес кој што на Македонија ќе ѝ донесе пари за инфраструктура, за плати, да се зајакнат патишта, пруги, болници, градинки, училишта и така натаму. Поголеми плати и пензии, повеќе можности за младите тука да работат. Гледајте ги стартапите во Хрватска, од некои стотици илјади евра, после влегувањето во ЕУ, милијарди евра вредност нивните стартап компании станаа“, рече Филипче.
Тој додаде дека европскиот процес значи и воспоставување европски стандарди во правосудството и институциите, нешто што на Владата на ВМРО не и одговара.
„Ова е влез во процес во којшто тука треба да има европска правда. Ете ги работите кои што оваа власт не ги сака“, рече Филипче.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Фото: СДСМ