• понеделник, 13 април 2026

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ

Филипче: ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ

Скопје, 13 април 2026 

Вечерва Унгарија кажа ДОСТА Е, падна Орбан, Европа не сака автократи! „Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на мрежата „Икс“, стои во соопштениет на СДСМ што МИА го пренесува интегрално.

Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат.“

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан