Филипс ќе повлече од три до четири милиони респиратори
- Холандскиот производител на медицински помагала Филипс денеска соопшти дека повлекува дел од респираторите поради опасноста пената да се распадне на ситни, токсични честички, што може да пред

Хаг, 14 јуни 2021 (МИА) - Холандскиот производител на медицински помагала Филипс денеска соопшти дека повлекува дел од респираторите поради опасноста пената да се распадне на ситни, токсични честички, што може да предизвика рак.
- Пената се користи за придушување на звукот на уредот и може да се распадне во честички што лесно се вдишуваат и ги иритираат дишните патишта. Пената се распаѓа и формира гасови, кои исто така можат да бидат токсични и вклучуваат ризик од рак, се наведува во соопштението.
Директор на Филипс, Франс ван Хоутен најави повлекување од три до четири милиони респиратори и машини за помош при дишење во случај на апнеа во сон.
Филипс во својот деловен извештај за првиот квартал објави дека издвои 250 милиони евра за решавање на проблемот, а сега планира да издвои уште 250 милиони.
- Ќе ги искористиме сите наши капацитети и ќе се фокусираме единствено на замена и поправка на овие уреди, посочи Ван Хаутен, додавајќи дека за таа постапка ќе треба една година. ми/