• петок, 22 ноември 2024

Филипини вложуваат дипломатски протест до Кина заради загрозување на воздушниот простор

Филипини вложуваат дипломатски протест до Кина заради загрозување на воздушниот простор

Манила, 12 август 2024 (МИА) - Филипините ќе упатат дипломатски протест до Кина поради неодамнешниот инцидент во кој кинески воени авиони го нарушија воздушниот простор над Јужното Кинеско Море, изјави денеска филипинскиот министер за надворешни работи Енрике Манало.

Филипинската војска извести за „опасни дејствија“ на два кинески авиони кои на 8 август истрелаа проектили на патеката на авион на филипинското воздухопловство кој вршеше рутинска патрола над Скарборо Шол во Јужното Кинеско Море, пренесуваат британските медиуми.

Филипинскиот министер за одбрана Жилберто Теодоро изрази надеж дека Кина ќе ги почитува меѓународните закони и изјави дека е неопходно да се деескалираат тензиите.

Претседателот на Филипините Фердинанд Маркос изјави дека дејствијата на Кина се „неоправдани, незаконски и непромислени“, додека нема коментар од кинеската амбасада во Манила.

Кинеската војска на конференција соопшти дека филипинскиот авион илегално влегол во кинескиот воздушен простор и покрај постојаното предупредување. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан