Феникс му го нанесе четвртиот последователен пораз на Голден Стејт
- Феникс санс ноќеска на домашен терен го совлада Голден Стејт вориорс со 113:105 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата. За тимот од Сан Франциско ова беше четврти пораз во низа.
Феникс, 1 декември 2024 (МИА) - Феникс санс ноќеска на домашен терен го совлада Голден Стејт вориорс со 113:105 во натпреварот од регуларниот дел од НБА лигата. За тимот од Сан Франциско ова беше четврти пораз во низа.
Најпродуктивен играч на натпреварот беше Девин Букер, кој постигна 27 поени. Кевин Дурант имаше дабл-дабл со 21 поен и 10 асистенции.
Кај гостите најефикасен беше Стеф Кари со 23 поени.
Феникс е на седмото место во Западната конференција на НБА. Голден Стејт е четврти на Запад. зс/
Фото: ЕПА