• петок, 22 ноември 2024

Фезер: Германија ги прифати украинските бегалци подобро од оние од 2015 година

Фезер: Германија ги прифати украинските бегалци подобро од оние од 2015 година
Берлин, 3 јули 2022 (МИА) - Германија направи подобра работа со прифаќањето на украинските бегалци отколку со прифаќањето бегалци од Сирија разурната од војна во 2015 година, изјави денеска министерката за внатрешни работи Ненси Фезер. „Германија прифати повеќе од 850.000 луѓе од Украина, главно жени и деца, од почетокот на руската инвазија на таа земја на 24 февруари, рече таа. Германија се најде на удар на критики затоа што постапува со европските бегалци поинаку од оние кои бегаат од конфликтите на Блискиот Исток или доаѓаат од уште поисточните подрачја. „Направивме многу работи многу подобро отколку во претходниот голем прилив на бегалци во 2015 година“, рече Фезер, додавајќи дека „неверојатен број граѓани се приклучија на напорите на владата да им помогне на овие луѓе“. Таа го нарече „историски успех“ „брзиот и небирократски“ прием на бегалците од Украина, од страна на европски земји. „Ова е големо достигнување кое не беше лесно да се постигне“, истакна министерката. „Германија и Европа преземаат дополнителни чекори за прифаќање бегалци од други области, што е во согласност со нивната хуманитарна одговорност. Во Германија тоа значи дека на новодојдените им се овозможува пристап до бесплатни курсеви за интеграција, рече Фезер, нагласувајќи ја важноста од запознавањето со германските вредности и јазик за оние кои привремено ќе останат во таа земја. Таа посочи дека оваа можност им била дадена и на Авганистанците кои побегнале во Германија откако талибанците ја презедоа власта во таа земја. Според неа, владата планира нов пристап во обезбедувањето „безбедна перспектива“ на луѓето кои биле доволно долго во Германија за да се интегрираат. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан