Федерер елиминиран во четвртфиналето на Вимблдон
- Полскиот тенисер Хурберт Хуркач се пласираше вечерва во полуфиналето на Вимблдон, совладувајќи го Швајцарецот Роџер Федерер со 6:3, 7:6, 6:0.
Лондон, 7 јули 2021 (МИА) – Полскиот тенисер Хурберт Хуркач се пласираше вечерва во полуфиналето на Вимблдон, совладувајќи го Швајцарецот Роџер Федерер со 6:3, 7:6, 6:0.
Откако во осминафиналето го совлада Русинот Данил Медведев, 18. рангираниот светски тенисер денеска беше поуспешен и од осумкратниот освојувач на Вимблдон, елиминирајќи го легендарниот Швајцарец по само еден час и 50 минути тенис.
Победата над Федерер на 24-годишниот Хуркач му донесе прво грен-слем полуфинале во кариерата, а воедно стана само вториот Полјак на кого тоа му успеало по Јержи Јановиц. ег/