• четврток, 04 декември 2025

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Кирк

Вашингтон, 11 септември 2025 (МИА) – Американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави фотографии од осомничениот за убиството на влијателниот конзервативен активист Чарли Кирк.

- Бараме помош од јавноста за идентификување на ова лице од интерес во врска со фаталното пукање врз Чарли Кирк на Универзитетот во Јута, објави ФБИ на социјалните мрежи.

Претходно, Канцеларијата на ФБИ во Солт Лејк Сити отвори телефонска линија на која граѓаните можат да се јават доколку имаат информации. ми/

фото: Икс

Остани поврзан