• среда, 27 ноември 2024

Фајнанс тинк за Извештајот на ЕК: Оценката за економскиот амбиент е значајно воздржана

Фајнанс тинк за Извештајот на ЕК: Оценката за економскиот амбиент е значајно воздржана
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) - Извештајот на ЕК за напредокот на Северна Макеоднија дава реалистична слика за состојбата со македонската економија, нотирајќи умерен напредок. Исто така, се фокусира и врз импактот од КОВИД-19 кризата врз економијата, наведува Фајнанс тинк во коментар на економскиот дел од Извештајот. Споредено со оценката во претходниот извештај, стои во коментарот, напорите и потезите нa носителите на економските политики се вреднувани на позитивен начин, со нотирање умерен напредок. Извештајот оценува дека Северна Македонија има добро ниво на подготвеност за развој на функционална пазарна економија и има умерен напредок. Иако, пандемијата значајно ги погоди капацитетите на државата и ги зголеми предизвиците за генерирање економски раст, забележан е умерен напредок за важни фискални и структурни реформи. Додека Извештајот врши експлицитно и недвосмислено вреднување на преземените чекори во делот на исполнувањето на политичките критериуми, судството, борбата со корупцијата и организираниот криминал, реформата во разузнавањето и јавната администрација, енергетиката и на зацврстување на основните човекови права, оценката за економскиот амбиент е значајно воздржана. Ваквата оценка на економските политики и потези на Владата е во целосна согласност со укажувањата на домашната експертска јавност за отсуството на посветеност кон целта и меѓусебната усогласеност на економските политики, како и недоволниот капацитет за испорачување економски реформи на повеќе фронтови. Фајнанс тинк дека Извештајот внимателно го забележува напредокот на одредени владини економски потези и соодветноста на владината реакција во КОВИД-19 кризата, но нотира значајни слабости во поглед на менаџментот со јавните финансии и мерките за подигнување на конкурентноста на земјата. Коментарот на Фајнанс тинк е достапен на линкот. лв/ац/  

Остани поврзан