• сабота, 21 декември 2024

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД

Фајзер ја зголемува цената на вакцината против Ковид во САД
Вашингтон, 21 октомври 2022 (МИА) - Американскиот фармацевтски гигант Фајзер очекува четирикратно да ја зголеми цената на вакцината против Ковид-19 во САД, на 110 до 130 долари по доза, откако ќе заврши актуелната владина програма за набавки, изјави извршната директорка Ангела Лукин. Американската влада во моментов плаќа околу 30 долари по доза, а се очекува пазарот да се префрли на приватно осигурување во 2023 година, откако ќе се укине вонредната состојба во здравството. Лукин во четвртокот рече дека очекува вакцината, која владата во моментов ја обезбедува на сите граѓани бесплатно, да биде достапна без надомест за граѓаните со приватно или државно осигурување. Волстрит очекува такви покачувања на цените поради слабата побарувачка за вакцини против Ковид-19, што значи дека производителите ќе мора да ги зголемат цените за да ги исполнат прогнозите за приходите за 2023 година и понатаму. „Уверени сме дека цената на вакцината против Ковид-19 во САД ја одразува нејзината севкупна исплатливост и гарантира дека нема да има пречки за пристапот на пациентите“, рече Лукин. Сè уште не е јасно каков пристап до вакцината ќе имаат луѓето без здравствено осигурување. паг/      

Остани поврзан