• понеделник, 04 ноември 2024

Фаучи: Колективниот имунитет бара стапка на вакцинација до 90 отсто

Фаучи: Колективниот имунитет бара стапка на вакцинација до 90 отсто
Вашингтон, 24 декември 2020 (МИА) - Постигнувањето колективен имунитет против коронавирусот бара да бидат вакцинирани меѓу 70 и 90 отсто од граѓаните, оцени главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи. Во интервју за „Њујорк тајмс“, тој призна дека со тек на време ги зголемил проценките за процентот на населението кое треба да биде вакцинароно со цел да се создаде колективен имунитет, откако претходно зборувал дека е доволно тој процент на изнесува 60-70 отсто. - Кога истражувањата на јавното мислење покажуваа дека само околу половина од Американците би ја примиле вакцината, зборував дека за создавање колективен имунитет би било потребно да се вакцинираат 70-75 отсто од граѓаните. Меѓутоа, кога новите истражувања покажаа дека 60 отсто или повеќе би ја примиле вакцината, помислив дека би можело да ја поместам границата, па ја зголемив на 80-85 отсто, нагласи Фаучи. Тој објасни дека „колку е болеста позаразна, толку е потребно поголема стапка на вакцинација за да се достигне прагот на колективен имунитет“. Податоците на Американскиот центар за контрола и превенција на болести покажуваат дека од 14 декември вакцината ја примиле над еден милион Американци, односно околу 0,3 отсто од населението. гт/

Остани поврзан