• понеделник, 23 декември 2024

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева нови членови на Уставниот суд

Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева нови членови на Уставниот суд
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) -  Собранието денеска на продолжение на 88.седница ги изгласа Фатмир Скендер и Татјана Васиќ Бозаџиева за нови членови на Уставниот суд, како кандидати предложени од СДСМ, а на гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, во процедурално обраќање на почетокот на расправата за уставни судии рече дека пратениците од нивната партија ќе ја напуштат собраниската сала и, како што рече, „нема да присуствуваат на давање нелегитимност на нешто што успеавте да го направите на недоследен и недостоен начин на Собранието, со кршење на Деловникот и Уставот“. - Жалам што успеавте и Уставниот суд да го направите партиска институција и изборот да го сведете на начин на кој што ќе го направите сега. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе ја напушти седницата и нема да присуствиува на овој срамен чин за државата, рече Мицевски. На собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да помине и последниот предложен кандидат за уставен судија на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен од страна на владејачките партии. Од предложените шест кандидати за уставни судии на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ниту еден не доби поддршка. Партијата ги предложи Саво Климовски, универзитетски професор, Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска и професорка Родна Живковска. Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот. Во рамки на 88.седница на дневен ред беа и законите поврзани со мерките за справување со енергетската криза и законите за здруженија и фондации и за политичките партии, според Џафери, би требало да продолжи од понеделник. Собранието треба да продолжи со работа по објавената 20-минутна пауза, по точките од 71.седница.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан