• понеделник, 25 ноември 2024

Фатен дрвокрадец во Охрид

Фатен дрвокрадец во Охрид
Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - На улица .„Ристо Чадо“ во Охрид синоќа во 21.45 часот, полициски службеници од СВР Охрид забележале патничко возило „Митсубуши Пајеро“ без регистарски ознаки, како превезува огревно дрво. По преземени мерки, на имот на улицата, сопственост на Б.С. (48), информираа денеска од МВР, било пронајдено возилото, огревно дрво од околу 1,5 кубни метри и моторна пила. Возилото, дрвата и пилата биле одземени и предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/сп/

Остани поврзан