• петок, 05 декември 2025

У19: Македонските фудбалерки утре стартуваат во Б Лигата на нации

У19: Македонските фудбалерки утре стартуваат во Б Лигата на нации


Скопје, 24 ноември 2025 (МИА) – Македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години утре на домашен терен ќе го почне настапот во новото издание на Лигата на нации на УЕФА во Б дивизијата.
Прв противник на македонските фудбалерки на квалификацискиот турнир што ќе се игра во Струмица е репрезентацијата на Грузија.
Воведниот натпревар во рамки на групата 5 е закажан со почеток во 12 часот на стадионот „Младост“ каде во истиот термин в петок македонската репрезентација ќе игра против Азербејџан, а во завршното коло на 1 декември против Словенија.
Пласман во елитната А дивизијата во Лигата на нации ќе обезбеди првопласираната репрезентација.ег
ФОТО: ФФМ

Остани поврзан