• четврток, 04 јули 2024

У17: Македонските фудбалери со реми против Малта ги завршија неуспешните евроквалификации

У17: Македонските фудбалери со реми против Малта ги завршија неуспешните евроквалификации

Та Кали, 31 октомври 2023 (МИА) – Македонската машка фудбалска репрезентација до 17 години одигра попладнево нерешено 1-1 против домаќинот Малта во Та Кали и заврши последнопласирана во квалификациската група 8 за пласман на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Кипар.

По двата воведни убедливи порази на квалификацискиот турнир во Малта против Словачка (0-4) и Шпанија (0-5), избраниците на селекторот Дашмир Беари беа на чекор до премиерна победа во третиот натпревар, откако Един Етоски ги доведе „црвено – жолтите“ до водство во 38. минута.

Сепак, репрезентацијата на Малта дојде до израмнување на резултатот во првата минута од судиското продолжение со голот на Томас Мелило.

Македонската репрезентација го заврши настапот на последното место на табелата со еден освоен бод, како и третопласираната Малта, но со послаба гол – разлика, додека пласман во елитната рунда во евроквалификациите од групата 8 обезбедија Шпанија и Словачка. ег/вј/ 

Фото: ФФМ

 

Остани поврзан