• сабота, 23 ноември 2024

УЈП: Се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ

УЈП: Се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ
Скопје, 21 јули 2022 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека се врши прилагодување и ажурирање на апликација МојДДВ и дека за граѓаните да може да скенираат фискални сметки потребно е да направат прилагодување на апликацијата. - Додека трае ажурирањето и прилагодувањето граѓаните за да ги скенираат фискалните сметки, потребно е во мобилната апликација во делот „профил“, во прозорчето „Тип на баркод скенер“ каде што сега стои „Напреден“ да ја изберат опцијата „Основен“, информират од УЈП. Фискалните сметки кои не може да се скенираат  преку опцијата „Основен“, може да се скенираат на киосците и бар код читачите што се поставени во просториите на Управата за јавни приходи. По завршување на овој процес, Управата за јавни приходи ќе ги извести граѓаните повторно во „Тип на баркод скенер“ да ја изберат опцијата „Напреден“ при скенирање на фискалните сметки. аа/

Остани поврзан