• недела, 22 декември 2024

Уште една добиена битка за Бритни Спирс

Уште една добиена битка за Бритни Спирс
Лос Анџелес, 30 септември 2021 (МИА) - Бритни Спирс е на чекор до независноста. Во клучното, драматично рочиште вчера, судијката во Врховниот суд во Лос Анџелес, Бренда Пени го суспендираше Џејми Спирс како законски старател на имотот на пејачката. Одлуката доаѓа неколку месеци откако поп-ѕвездата јавно го обвини татко ѝ за злоупотреба. - Верувам дека суспензијата на Џејмс Спирс како законски старател е во најдобар интерес за штитеничката. Оваа наредба ќе биде во полна сила и важност, рече Пени. Овластениот јавен сметководител Џон Зејбел привремено ќе го замени Џејмс. Старателката на личноста на Бритни, Џоди Монтгомери, останува одговорна. Судот му нареди на Џејми што поскоро да му ги предаде сите средства на Зејбел. Адвокатот на Бритни, Метју Розенгарт рече дека сака прекин на старателството оваа есен. Тоа може да се случи на 12 ноември, кога судијата Пени ќе го разгледа барањето за целосен прекин. Бритни не присуствуваше на вчерашното сослушување.  си/паг/

Остани поврзан