• понеделник, 23 декември 2024

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина, целта беше Киев

Уште еден масовен руски ракетен напад врз Украина, целта беше Киев

Киев, 2 јануари 2024 (МИА) - Руските сили утринава повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел беше Киев, каде во неколку наврати се слушаа експлозии, јавуваат украинските медиуми.

Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратешки бомбардери „Ту-95МС“ од кои лансираше ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.

На ракетниот напад му претходеше напад со дронови, јавија украинските медиуми и додаваат дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан