• понеделник, 23 декември 2024

Училиштето „Нова“ донираше електронски уреди на деца во социјален ризик

Училиштето „Нова“ донираше електронски уреди на деца во социјален ризик
Скопје, 2 ноември 2020 (МИА) - Вкупно 25 деца на самохрани родители кои живеат во социјален ризик ќе добијат електронски уреди за полесно следење на онлајн наставата како донација од меѓународното училиште „Нова“. Уредите денеска им беа предадени на претставниците на „Проект среќа“ кои понатаму ќе им ги поделат на децата од социјално загрозени заедници. Меѓународното училиште донираше 25 уреди за следење на настава, од кои половина се нови, а останатите користени, обезбедени во акцијата што ја покренаа училиштето „Нова“ и Асоцијацијата на родители и наставници (PTA) од ова училиште, во соработка со организацијата „Проект среќа“. Донаторската акција во „Нова“ се спроведуваше изминатиот месец и во неа се вклучија голем број на ученици, родители и наставници од ова училиште. Од „Нова“ истакнуваат дека недостигот на соодветни уреди за следење на онлајн наставата е сериозен проблем со кој се соочуваат децата од социјално загрозените семејства и поради тоа им е оневозможено соодветно да се вклучат во образовниот процес. Затоа училиштето „Нова“ покрена донаторска акција со цел да им го олесни пристапот на овие деца до поквалитетно образование. - Образованието е најважната алка за развојот на децата и основниот темел за градење здраво општество. Сепак, свесни сме дека сите деца немаат еднакви можности за да добијат квалитетно образование и затоа покренавме донаторска акција преку која ќе им помогнеме на дел од децата кои немаат услови да се вклучат во образовниот процес во овие специфични услови што ги наметна пандемијата. Заедницата на „Нова“ секогаш е подготвена во рамките на своите можности да им излезе во пресрет на ранливите групи и да направи промена во општеството кон подобро, велат од „Нова“. мс/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан