Ученици од СОУ „28 Ноември“ – Дебар дел од едукативната симулација „Имам став!“ во Собранието
- Ученици од СОУ „28 Ноември“ – Дебар денеска ќе земат учество во едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија.
Скопје, 2 октомври 2025 (МИА) - Ученици од СОУ „28 Ноември“ – Дебар денеска ќе земат учество во едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт на Собранието на Република Северна Македонија.
Едукативната активност „Имам став!“ претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во рамките на Собранието на Република Северна Македонија.
-Целта е приближување на работата на Собранието и процесот на донесување на закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост, велат од Собранието. дма/са/
Фото: МИА архива