• петок, 20 декември 2024

Утре утврдување највисоки цени на дел од зеленчукот и овошјето

Утре утврдување највисоки цени на дел од зеленчукот и овошјето
Скопје, 2 април 2023 (МИА) - Домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон, се дел од зеленчукот и овошјето за кои утре ќе се утврдуваат највисоките цени.
 
Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук профил, анализите на податоците за овие производи се завршени.
 
-Утре се определуваат највисоки цени за домати, крастивици, кромид, карфиол, пипер, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимон. Ги повикувам граѓаните да дадат исто така придонес во делот на дополнување на листата на производи, како и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат во делот на овошје и зеленчук или други производи. Се грижиме заедно, наведува Бектеши.
 
Владата веќе ја замрзна цената на дел од производите за хигиена, на тестенините, млечните проиозводи и на белиот и полубелиот леб до 450 грама. мч/
 
фото: МИА 

Остани поврзан