• петок, 22 ноември 2024

Утврден текст на закон за основање државна комисија за одлучување во управна постапка

Утврден текст на закон за основање државна комисија за одлучување во управна постапка
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) - Владата го утврди и го достави на усвојување во Собранието текстот на Законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и Законот за основање на Државна комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. Владината прес-служба по седницата на Владата вечерва соопшти дека се гарантира правото на жалба во областа на управна постапка и постапка од работен однос и правото на жалба во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка. -Основна цел на предложените дополнувања е поедноставување на системот на одлучување по жалби, преку намалување на институциите кои одлучуваат по жалби, со поедноставена административна постапка, преку унапредување на организацијата на работата на Комисијата, со одлучување во совети во жалбените постапки, појаснуваат од Владата.лв/вј/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан