• недела, 22 декември 2024

Утврдени измените на Законот за авторското право и сродните права

Утврдени измените на Законот за авторското право и сродните права
Скопје, 11 јануари 2022 (МИА) - Владата на денешната седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Како што соопшти владината Прес-служба, целта на предложениот закон е пропишување на нормативна основа за воспоставување на ефикасен модел за функционирање на системот на колективното управување со авторското право и сродните права усогласен со Директивата 2014/26/EC на Европската Унија за колективно управување со авторското право и сродните права и мулти-територијално лиценцирање на музички дела за користење преку интернет, во делот на колективното управување. - Со измените и дополнувањата, меѓу другото, уште се врши усогласување со Директивата 2011/77 на ЕУ и со Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, во однос на заштитата на коавторите на музички дела со текст, како и на времетраењето на заштитата на изведувачите и фонограмските продуценти на снимени музички изведби, односно фонограми од 50 на 70 години, се додава во соопштението. сп/

Остани поврзан