• сабота, 21 декември 2024

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Скопје, 9 декември 2024 (МИА) -  Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот за Законот за употребата на јазиците кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност.

-Во однос на медиумскиот интерес за објавени делови, наводно од реферат од Законот за употребата на јазиците, Уставниот суд информира дека поради тајноста на постапувањето по предметот кој е во претходна постапка, нема да ги коментира медиумските објави ниту нивната веродостојност, велат од Уставниот суд.

Од  Судот апелираат на воздржаност од ширење на информации кои може да наштетат на самата постапката особено во период пред Судот да расправа и да одлучува по предметот. дма/

Фото:МИА архива

Остани поврзан