• петок, 14 февруари 2025

Усвоен планот за работа на Клубот на пратенички за 2025 година

Усвоен планот за работа на Клубот на пратенички за 2025 година

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - Претседателството на Клубот на пратенички на својата прва седница вчера едногласно го усвоил Планот за работа на Клубот на пратенички за 2025 година.

Како што соопштија денеска од собраниската прес-служба, на седницата се разговарало и биле споделени предлози околу подготовката на пленарната седница по повод 8 Март - Меѓународниот ден на жената, која во последните две години ја организира Собранието.

Претседателството на Клубот на пратенички заклучило на 7 март (петок) да биде организирана пленарна седница и истиот предлог ќе биде доставен до Претседателството на Собранието. цр/нд/

Фото: Собрание на РСМ

Остани поврзан