• недела, 22 декември 2024

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп со прашања до Ковачевски

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп со прашања до Ковачевски

Прилеп, 5 март 2023 (МИА) - Унијата на жени на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп денеска се огласи и побара одговор од претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на прашања порзани за почитувањето и грижата на жените.

Според Билјана Кузманоска, претседателка на Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп, Ковачевски не води грижа за правата на жените ниту бара одговор на некои суштински прашања.

-Човекот, кој пред само некој ден, со крајно дрско и безобразно однесување кон пратеничка од редот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, денес ќе маршира за правата на жените? За каква солидарност, за какво изедначување на жените и мажите ќе зборува Ковачевски. Дали Ковачевски ќе побара одговорност од директорката на прилепската болница за хаосот кој владее таму и ќе се заинтересира за прерано згаснатите животи на пациенти?, изјави Кузманоска на прес - конференцијата во Прилеп.

Кузманоска побара одговор и на прашања поврзани со историјата. ем/дма/

Фото:МИА

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан