• сабота, 06 јули 2024

Уништена урбана опрема во Росоман 

Уништена урбана опрема во Росоман 
Росоман, 15 септември 2022 (МИА) - Уништена е урбана опрема во Росоман, реагираа денеска од росоманската локална самоуправа.
-По пријавата од граѓани за извршениот вандализам во паркот на старото училиште, пријавено е во МВР Кавадарци за преземање на соодветни мерки за пронаоѓање на сторителот. Апелираме до сите граѓани на општина Росоман да го чуваат имотот на општината, истакнаа од локалната самоуправа.
Оттаму се децидни дека во иднина нема да се толерира било каков вандализам и секое уништување на имот на општината ќе биде пријавено во МВР. свд/дма/

Остани поврзан