• четврток, 11 јули 2024

Унгарија повика на нов акционен план за донирање органи и трансплантација

Унгарија повика на нов акционен план за донирање органи и трансплантација

Будимпешта, 10 јули 2024 (МИА) – Унгарија денеска повика на нов акционен план на Европската унија за донирање органи и трансплантација.

- Акциониот план на ЕУ за донирање органи и трансплантација за периодот од 2009 до 2015 година имаше значителни резултати, како што е зголемувањето на бројот на донации за 21 отсто, изјави унгарскиот министер за здравство Петер Такач пред конференцијата за донирање органи во Будимпешта и додаде дека по истекот на тој план никогаш не бил појасен императивот за негово обновување, пренесува Еуроактив.

Според него, има дваесет предлози за тоа што би можело да биде вклучено во идниот план. Посебно внимание ќе се посвети на размената на експертиза и финансиска поддршка за зајакнување на националните програми.

Како што е наведено, Службата за поддршка на структурните реформи на ЕУ може да обезбеди стручни совети за реорганизација и соодветна форма на инвестирање. јт/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан