• петок, 22 ноември 2024

Улогата на Западот и на Русија во случувањата во Нигер

Улогата на Западот и на Русија во случувањата во Нигер

17 август 2023

Сабах

 

Наспроти позадината на организирањето државни удари и други предизвуици постигнувањето на мирен свет нема да е толку лесно, колку што може да си претставиме. Претставете си - Вие сте во средина на соборувањето на вашата влада, Вие судите за довербата, послушноста и лојалноста на вашите соборци... Државните службеници ви досаѓаат за платите што треба да се депонираат во банките. Мора да му објасните на сопствениот народ и на светот кои се причините за вашиот пуч против совршено функционалната полуцивилна влада.

А, меѓу милионите видливи и невидливи технички детали за соборување на власта, пред врата стои и американски функционер! 

Викторија Нуланд е таа што тропа на вашата врата! Извршна позиција - Американски заменик државен секретар Викторија Нуланд! 

„Што сака таа?“ се прашуваш.
Таа сака веднаш да разговара со соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум. Всушност, таа на крајот се сретна со началникот на одбраната на воената влада, Муса Барму, и некои други високи команданти; и подоцна ќе ги опише преговорите како „исклучително искрени и на моменти доста тешки“. 

Државниот удар во Нигер 

Времињата се навистина тешки за нигериските пучисти затоа што нивните колеги Африканци од Економската заедница на западноафриканските држави (ECOWAS), регионална политичка и економска унија на 15 земји лоцирани во Западна Африка, тоа го мислат кога велат дека ќе ја нападнат земјата и ќе го вратат соборениот претседател Базум. 

Нуланд и лидерите од ЕКОВАС се всушност загрижени дека пучистите ќе ги уништат врските што Базум ги создаде со САД и Франција и ќе ја прекинат експлоатацијата на минералното богатство на земјата - ураниумот.
Новите лидери би можеле да побараат помош од Вагнер, приватна воена компанија финансирана од руската држава. Таа неодамна беше компромитирана по нејзиниот неуспешен бунт против рускиот претседател Владимир Путин, но САД велат дека таа се уште е манипулирана од Путин. 

Владата на САД би можела да бара да отвори некои нови канали со нигерските лидери и може да има легитимни стравувања од губење на контролата во Африка. Нигер, со повеќекратните преврати и растечкото антифранцуско расположение во регионот, стана партнер на Франција и воспостави силна воена соработка со САД под Базум.

Администрацијата на Џо Бајден дефинитивно би сакала да го задржи на чело на земјата. 

Нигер - клучен сојузник на Западот 

Нигер е клучен сојузник на Западот, особено Франција и САД. Заедно со антифранцуските чувства растеше и руското влијание кое беше изразено во присуство на групата „Вагнер“ во главниот град Ниамеј. 

Меѓутоа, во земјата има и многу Турци. Од отворањето на турската амбасада во Ниамеј во 2012 година, со Нигер се потпишани вкупно 29 договори; во 2013 година, тогашниот премиер Реџеп Таип Ердоган ја посети земјата.
Министерството за надворешни работи соопшти: „Како дел од развојот на правната основа на односите со Нигер, веќе се усвоени неколку правни инструменти во областа на здравството, образованието, комуникациите, воените и политичките консултации и ослободувањето од виза за имателите на дипломатски пасоши. 

„Турција е еден од факторите за зајакнување на антиколонијалните чувства во Западна Африка, велат експертите. Силната критика на Ердоган за тековните неправдите во Африка и бруталните политики што се водеа за време на колонијалниот период мора да беа важен фактор во нетрпеливоста со најмали знаци на сервилност кон Западот, воопшто, и кон Французите, особено. Во западноафриканските земји како Мали, Чад и Буркина Фасо, постои растечко несогласување со францускиот неоколонијализам. 

„Новите администрации на Мали, Буркина Фасо и Нигер најавија дека ќе се обединат против Франција, борејќи се на иста страна доколку е потребно“, рече професорот Енвер Арпа, директор на Институтот за регионални студии на Универзитетот за општествени науки во Анкара, која за агенцијата Анадолија зборуваше за порастот на антиколонијалните чувства во Западна Африка, особено кај младите. 

И покрај најдобрите напори на Нуланд и нејзините слични, Франција на крајот мораше да ги повлече своите трупи од Мали; веројатно ќе биде и од Нигер.

Можеби ова е вистинската причина за сето ова заплашување со „Вагнер“ и Русија. Главната цел зад целата оваа демонизација е фактот што 14-те поранешни француски колонии кои користеа банкноти печатени во француската централна банка се на пат да ја променат, бидејќи ќе станат способни да работат независно од Франција. 

Но, сепак, државните удари во пет земји по прогласувањето независност во Нигер - Нигерија:5;  Мали: 6;  Буркина Фасо: 12,  Чад: 6, Гвинеја: 2,  да споменеме некои од другите земји на ЕКОВАС - не прават изразувањето на политичката волја и идеологијата да се сфати сериозно.
Ако вашите елити не се погрижат за „чесен углед“ ниту мирот, ниту цивилизацијата ќе бидат толку лесно постигнати колку што сакаме јас и вие.  

 Коментар за Сабах на Хакли Јокал, новинар носител на голем број награди, професор на Универзитетот Ибн Халдун.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан