• среда, 08 мај 2024

Украинските сили гранатираа цели во Доњецк

Украинските сили гранатираа цели во Доњецк

Киев, 7 јануари 2023 (МИА) – Властите во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР) денеска соопштија дека украинските сили истрелале 10 проектили од повеќецевни ракетен систем кон Доњецк.

По гранатирањето врз округот Петровск и Кировск во Доњецк  биле истрелани четири проектили од НАТО калибар од 155 милиметри.

Округот Петровск и Кировск и вчера веќе беа мета на гранатирање од страна на украинските сили.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот на целиот фронт по повод божиќните празници, но ниту руската ниту украинската страна не го почитуваат примирјето. ми/

Остани поврзан