• петок, 17 мај 2024

Украинските дипломати од Москва стигнаа во Летонија

Украинските дипломати од Москва стигнаа во Летонија
Рига, 3 март 2022 (МИА) - Украинските дипломати, кои беа сместени во Москва, синоќа стигнаа во Летонија, информираше денеска министерот за надворешни работи на Летонија, Едгарс Ринкевицс. „Летонија ги поздравува украинските дипломати, кои синоќа ја напуштија Москва и ја преминаа летониско-руската граница“, напиша министерот на Твитер. По барањето на украинската амбасада за помош, Летонија во саботата соопшти дека ќе обезбеди засолниште за дипломатите. бд/сд/

Остани поврзан