• недела, 24 ноември 2024

Угандската маратонка Чептеги полиена со бензин, здравствената состојба критична

Угандската маратонка Чептеги полиена со бензин, здравствената состојба критична


Најроби, 3 септември 2024 (МИА) – Угандската маратонка Ребека Чептеги (33), која настапи на Олимписките игри во Париз минатиот месец, се здоби со изгореници на 75 проценти од нејзиното тело и е во критична состојба во болница во кенискиот град Елдорет, откако, според локалните медиуми, таа била запалена со бензин од нејзиниот партнер.
Началникот на полицијата во областа Транс Нзоја, каде што се случи инцидентот, рече дека партнерот на Чептеги, Даниел Ндиема Марангач, исто така, се здобил со изгореници и го опиша инцидентот како семејна кавга.
Чептеги настапи на маратонот на Олимпијадата во Париз и ја заврши трката на 44. место. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан