• недела, 22 декември 2024

Масакр на членови на секта во Уганда, убиени најмалку осум лица

Масакр на членови на секта во Уганда, убиени најмалку осум лица

Кампала, 30 октомври 2024 (МИА) - Најмалку осум лица загинаа во напад на осомничени членови на секта во Уганда, а меѓу жртвите има и тригодишно дете, додека осум лица се ранети, соопштија денеска локалните власти.

Нападот се случил во вторникот вечерта во Мизиза А, село во областа Кагади во западна Уганда, на приближно 250 километри од главниот град Кампала.

„Првичните информации покажуваат дека членовите на новата секта, чие име се уште не е утврдено, со остри предмети нападнале луѓе, од кои повеќето биле членови на нивните семејства“, соопштија вооружените сили на Уганда.

„Безбедносните сили, вклучително и војската и полицијата, беа на терен во потрага по сторителите додека истрагата е во тек за да се утврдат дополнителни информации за сектата“, велат тие.

Четворица од убиените се на возраст под 13 години.

Полицијата соопшти дека двајца напаѓачи биле убиени за време на одговорот на безбедносните сили. паг/

Фото: ЕПА

Остани поврзан