Убиен 25-годишен Палестинец при конфликт во Џенин
- Дваесет и петгодишниот Мухамед Мареи е погоден со куршум во градите
Ерусалим, 29 јуни 2022 (МИА) - Израелски војници утринава убиле Палестинец за време на воена операција во Џенин на северниот дел на Западниот Брег, тврдат палестински извори.
Дваесет и петгодишниот Мухамед Мареи е погоден со куршум во градите.
Израелската војска наведе дека навлегла на Западниот Брег со цел да притвори двајца Палестинци и дека „за време на операцијата, припадници на ИДФ (израелски одбранбени сили) пукале кон неколку осомничени, кои фрлале експлозивни направи на нив, а се слушнало и пукање во тоа подрачје“.
Конфликти имало и во други делови на Западниот Брег и војници пукале кон Палестинец, кој ги гаѓал со камења, за време на апсењето во бегалскиот логор Ал-Аза кај Витлеем.
Изминатата ноќ уапсени се вкупно 13 Палестинци осомничени за „терористички активности“, соопшти војската, пренесоа израелски медиуми.
Израелските безбедносни сили ги зајакнаа операциите на Западниот Брег по бранот смртоносни напади во Израел, кога, од средината на март до почетокот на мај, убиени се 19 лица.
Најмалку 30 Палестинци се убиени во истиот период, според податоците на палестинското Министерство за здравство.
Меѓу убиените се напаѓачи, учесници во вооружени конфликти, но и случајни минувачи. бд/зш/