• понеделник, 23 декември 2024

Убиени најмалку 12 фармери работејќи на нива во северна Нигерија

Убиени најмалку 12 фармери работејќи на нива во северна Нигерија
Абуџа, 25 мај 2022 (МИА) - Најмалку 12 фармери се застрелани од вооружени лица во Кацина, северна Нигерија, јави Би-би-си. Според жителите, напаѓачите пукале во земјоделците додека тие си работеле на нива. Неколку куќи биле запалени. Трагедијата се случи само по неколку часа, откако 40 фармери се убиени од, како што се верува, борци на Боко Харам, во Борно. Во Кацина е роден претседателот на Нигерија, Мухамаду Бухари. бд/сд/

Остани поврзан