Уапсени три лица од Куманово барани со потерници за затворски казни
- Полициски службеници од СВР Куманово на 5 јули го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето, како што соопшти денеска МВР, било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово на 5 јули го лишиле од слобода Ф.Р. (31) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за доиздржување затворска казна од три години и 10 месеци, за сторени кривични дела по член 236 од Кривичниот законик. Лицето, како што соопшти денеска МВР, било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода А.А. (56) од Куманово. Тој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година, за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода У.Ф. (44) од Куманово, кој бил баран по централна потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна од една година и шест месеци, за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната. дма/вг/
Фото:МИА архива