• среда, 15 мај 2024

Тухел незадоволен од напаѓачите на Челзи

Тухел незадоволен од напаѓачите на Челзи
Лондон, 24 мај 2022 (МИА) - Тренерот на Челзи, Томас Тухел е незадоволен од играта на офанзивците на лондонскиот тим. - Статистиката што ја добива Челзи од нивните напаѓачи не ни дозволува да ги победиме Ливерпул и Манчестер сити. Во оваа линија ни треба доминација ако сакаме да бидеме поблиску до првите две екипи во лигата. Не покажувам со прст и не обвинувам никого, но потребна ни е супер-ефикасност од сите фудбалери. Нашите фудбалери навистина немаат големи бројки во однос на перформансите и асистенциите, изјави Тухел за „Гардијан“. Челзи заврши на третото место во сезоната 2021/22 во Премиер лигата со 74 бодови од 38 натпревари. На првите две  места се пласираа Манчестер сити и Ливерпул со 93, односно 92 бода. зс/

Остани поврзан