• сабота, 23 ноември 2024

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика

Тур де Франс можеби ќе се одржи без публика
Париз, 26 март 2020 (МИА) - Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот - Тур де Франс можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА. Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот , е речиси целосно во прекин. Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја. тг/  

Остани поврзан