• понеделник, 23 декември 2024

Турција ја отвори границата со Ерменија заради испорака на помош по земјотресите

Турција ја отвори границата со Ерменија заради испорака на помош по земјотресите

Анкара, 11 февруари 2023 (МИА) – Турција отвори граничен премин со Ерменија за да овозможи испорака на хуманитарна помош за жртвите од земјотресот во 10 јужни турски провинции, јави Анадолија.

Пет камиони со хуманитарна помош поминаа преку граничниот премин Аличан во турската област Угдер. Пунктот последен пат беше употребен во 1988 година, кога турската Црвена полумесечина достави помош по земјотресот во Ерменија.

„Да извлечеме нешто добро од оваа голема катастрофа. Солидарноста спасува животи!“, напиша турскиот ерменски пратеник Гаро Пајлан на Твитер.

Целата копнена граница меѓу Турција и Ерменија е затворена од 1993 година, по судирите меѓу Ерменија и етничките Турци Азербејџанци.

Двете соседни земји ги обновија дипломатските контакти на крајот на 2021 година. ссм/

Остани поврзан