• сабота, 23 ноември 2024

Турција ги укинува визите за шест европски држави

Турција ги укинува визите за шест европски држави
Анкара, 20 февруари 2020 (МИА) - Турските власти на 2 март ќе ги укинат визите за граѓаните на Австрија, Белгија, Холандија, Шпанија, Полска и Велика Британија, кои доаѓаат во туристичка посета на Турција во траење до 90 дена, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи. Како што пренесуваат странските агенции, турските власти воведуваат визни олеснувања со цел јакнење на туризмот, претприемништвото и културната размена, но и на државната каса. Бројот на странски туристи се зголеми за 14,11 отсто во 2019 година со што приходите од туризмот достигнаа 34,5 милијарди долари, покажуваат податоците од јануарскиот извештај на турското Министерство за туризам и Институтот за статистика. паг/

Остани поврзан