• петок, 22 ноември 2024

Турскиот филантроп Осман Кавала осуден на доживотен затвор

Турскиот филантроп Осман Кавала осуден на доживотен затвор
Истанбул, 25 април 2022 (МИА) – Турски суд денеска го осуди бизнисменот и активист за човекови права Осман Кавала на доживотен затвор, прогласувајќи го за виновен за обид за соборување на владата преку финансирање на протести низ земјата во 2013 година. Кавала (64) е во затвор четири и пол години без пресуда и ги негира обвиненијата против себе и 15 други обвинети за протестите во Гези, кои започнаа како мали демонстрации во паркот во Истанбул и прераснаа во антивладини немири низ земјата во кои беа убиени осум демонстранти. Судот осуди уште неколку обвинети на 18 години затвор за помагање во обид за соборување на власта. Судот, исто така, соопшти дека одлучил да го ослободи Кавала од обвиненијата за шпионажа поради недостиг на докази. јт/

Остани поврзан