• недела, 12 мај 2024

Турскиот амбасадор Секизќок во посета на дебарското муфтиство

Турскиот амбасадор Секизќок во посета на дебарското муфтиство
Дебар, 8 февруари 2021 (МИА) - Амбасадорот на Турција во Северна Македонија, Хасан Мехмет Секизќок денеска беше во посета на дебарското муфтиство. - Високиот гостин имаше срдечна средба со муфтијата Решад ефенди Качалнику кој како домаќин се заблагодари на посетата на амбасадорот и изрази благодарност за секој придонес на турската држава, со посебен акцент на државната агенција за развој ТИКА, за зачувување и негување на културните, историските и исламските вредности во земјата, информираа од муфтиството. Двајцата заедно со нивни соработници ја посетиле Инќар џамијата (Хунќар џамија), изградена по наредба на султанот Мехмед Втори. - На средбата беше истакнато дека оваа џамија има непроценливи вредности не само верски, туку и културно-историски. Посебно стана збор за реализација на проектот подржан од „Тика“, за професионална реставрација на џамијата. Треба да се напомене дека во дворот на џамијата се наоѓаат вечните почивалишта на многу личности од Дебар, вклучувајќи ги и семејните гробници на семејството Хоџоли, познатото феудално семејство кое управувало со Дебар повеќе од два века, од 1619 до 1863 година, додаваат од муфтиството. Џамијата се нарекува и Кралска џамија и е на списокот на објекти под заштита на државата. Според натписот кој е поставен над влезот во џамијата, испишан со неправилно сулус писмо во пет реда, џамијата била изградена во периодот од 1467-1468 година. Годината на нејзината обнова исто така е испишана како 1938 година. вт/оџ/

Остани поврзан