• петок, 22 ноември 2024

Тупанчевски: Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот

Тупанчевски: Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот
Скопје, 15 септември 2022 (МИА) - Секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот. Секое дете заслужува неговите потреби да бидат приоритет за институциите. Секое дете заслужува да биде поштедено од какво било однесување коешто води кон некаков облик на дискриминација, маргинилизација, виктимизираност или секундарна виктимизација. Ова денеска го истакна министерот за правда Никола Тупанчевски на промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата 2022 – 2026 година и Акциски план 2022-2023 година, кој документ е изготвен од Државниот совет за превенција на детското претставништво со поддршка на УНИЦЕФ и ЕУ. -Особено е важно да се нагласи дека Стратегијата се однесува на децата во ризик, на децата во судир со законот и на децата сведоци и жртви. Стратегијата се донесува во пресрет на новиот закон за правда за децата и претставува исклучително важен документ единствен од ваков вид во државата, а што произлегува од специфичните надлежности што ги има Државниот совет, порача Тупанчевски. Успехот во областа на заштита на децата и обезбедување правда за нив, според министерот Тупанчевски, подразбира мултисекторски пристап, вмрежување на сите релевантни чинители во системот на правда за децата на ниво на институции, но и на персонално ниво на професионалците вклучени во системот на правда за децата. -Неопходно е да се нагласи важноста од активност на локалната самоуправа во остварувањето на сегмент од стратешките цели со оглед на фактот што секоја локална заедница има свои специфики во однос на ризик факторите за појава на детското претстапништво, а оттука и специфики во дефинирањето на превентивните програми и пристап адаптиран на потребите односно состојбата во која што се наоѓаат децата во општината, истакна Тупанчевски. Додаде дека успешната имплементација на Стратегијата ќе овозможи зајакнување на капацитетите на институциите, подигање на јавната свест, имплементација на релевантните меѓународни стандарди и унапредување на системот на собирање на податоци. Претседателката на Државниот совет за превенција на детско престапништво Гордана Лажетиќ појасни дека националната стратегија е документ којшто ќе ги дефинира патоказите во следните пет години, во однос на она што значи преземање на чекори за идентификување на ризик факторите кога станува збор за детското претстапништво и идентификување на соодветните релевантни институции коишто ќе треба да преземат мерки и активности во правец на надминување на состојбите што сега ги има. -Стратегијата е документ што содржи 12 стратешки цели со подцели и акциски план и она што беше главно да биде реална, да биде прилагодена на потребите што ги имаме во државата  уште комплеметарна документи што сметавме дека е многу важно за да немаме преклопувње и работење на паралелни патишта, истакна Лажетиќ. Според судијата Лазар Нанев, обезбедување услови на благосостојба, недискриминција и учество на децата во донесувањето на сите одлуки коишто се од нивно значење, се основните клучни столбови на Националната страегија за децата во Република Северна Македонија, во чија изработка учествувал и тој. -Особено ни е значајно што со овој документ се обидовме да ги извлечеме сите деца од заводите односно државните органи, институции каде што ги издржуваат заводските мерки. И овој документ всушност креира нови соодветни политики коишто понатаму ќе овозможат социјализација на децата коишто дошле во судир со законот во средината од каде што потекнуваат затоа што сметаме дека средината односно семејството, понатаму пријателите, другарите се основната алатка во која што може да се доведе до трансформација на однесувањето на децата коишто доаѓаат во судир со законот, истакна Нанев. бк/ац/

Остани поврзан